Фудбал

ВО МАДРИД СЕ ДАВААТ САМО МАЈСТОРСКИ ГОЛОВИ: ИТРИОТ СИЛВА ИЛИ БРЗИОТ РОДРИГО? (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Манчестер сити засега ги оправдуваат очекувањата на најголемото дерби во четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите. Во воведните 15 минути се постигнаа три погодоци, кој од кој подобри.

Бернардо Силва на многу итар начин уште во втората минута ја отвори вечерта во Мадрид, носејќи водство за Сити од слободен удар кој ги изненади сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, предноста на европскиот првак траеше само десетина минути, кога Камавинга израмни на 1-1 во 12-тата минута, а потоа Родриго во соло контра напад погоди за 2-1 само две минути подоцна. Брзоногиот бразилски офанзивец истрча половина од теренот, се намести и на двајца противнички играчи им ја протна топката меѓу нозе за да ја погоди мрежата.