Фудбал

AKO ЈУНАЈТЕД ЗАГУБИ, ЌЕ СЕ СНИМАМ КАКО ГО БАКНУВАМ АМБЛЕМОТ ОД ЧЕЛСИ (ВИДЕО)

Кол Палмер е главната тема од вчера на Островот по неговиот хет-трик против Манчестер јунајтед со кој го спаси Челси и сам го реши дербито на „Стемфорд бриџ“ со конечни 4-3.

Сините по 12 лигашки натпревари и пауза од 7 години конечно се радуваа на триумф против Црвените ѓаволи, по што следуваше низа од дофрлувања на социјалните мрежи меѓу навивачите на двата клуба.

Еден од попознатите Твитер-симпатизери на Јунајтед, Треј, пред неколку дена напиша дека доколку Челси го добие дуелот против неговиот тим, ќе се снима како го бакнува амблемот на лондоскиот клуб.

„Ако Челси победи ќе се снимам како го бакнувам нивниот амблем од дресот“, напиша навивачот на Манчестер.

По вчерашната драма, фановите на Челси на „Х“ не го заборавија популарниот Треј, па се навратија на неговата објава и го предизвикаа да го стори тоа што го вети. Следуваше видео од него во кое зборува колку е разочаран од својот клуб, што го доведе до ситуација да мора да се понижува на социјалната мрежа, за на крај да го бакне логото.