Фудбал

КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС ПОЧНА СО КРВАВ ИНЦИДЕНТ: ИГРАЧ НА ПЕЊАРОЛ ПОГОДЕН СО КАМЕН ВО ГЛАВА (ВИДЕО)

Изминативе две ноќи се одиграа првите натпревари од новата сезона во Копа Либертадорес, а во вториот ден од првото коло се случи крвав инцидент во кој настрада играч на Пењарол.

Уругвајскиот тим загуби на гостувањето кај Росарио во Аргентина со минимални 1-0, а кога по крајот на мечот кога гостинските фудбалери тргнаа кон своите навивачи да ги поздрават, некој од трибините фрли камен и го погоди Максимилијано Оливеира во лицето.

Оливера крвареше по ударот, a според информациите на неколку медиуми, фудбалерот дури и загубил свест привремено од тешкиот удар.