Фудбал

НЕОЧЕКУВАН КАНДИДАТ: НАСЛЕДНИКОТ НА ТЕН ХАГ ЌЕ ДОЈДЕ ОД ЧЕМПИОНШИП?

Џим Ратклиф, новиот ко-сопственик на Манчестер јунајтед, настојува да го трансформира клубот и да доведе што е можно повеќе британски работници со кои ќе почне нова ера на „Олд трафорд“.

Многу англиски фудбалери се поврзуваат со потенцијални преселби на „Театарот од соништата“, додека и менаџерската позиција на Ерик Тен Хаг е под закана. Наводно, се појави нов кандидат кој би можел да ја наследи клупата од холандскиот стратег, кој се испостави дека е поранешен асистент на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер од нивните мандати кога го водеа Јунајтед.

Се работи за Киран Мекена, актуелниот тренер на Ипсвич. Мекена со англискиот второлигаш прави чуда и е на пат да обезбеди пласман во Премиер лигата, првпат од 1993/94. Ипсвич на 6 кола до крајот од регуларната сезона во Чемпионшип е лидер со 87 бода, еден повеќе од Лидс, па голема заслуга за резулатите има токму Мекена.

Стратегот од Северна Ирска од 2016 до 2018 година беше тренер на младите до 18 години на Јунајтед, а од 2018 до ноември 2021 година беше асистент на првиот тим. Од декемри 2021 година почнува неговата авантура со Ипсвич и прв успех е промоцијата од третата во втората англиска лига, а сега Мекена е на пат да испише историја и да го врати клубот меѓу елитата на Островот по две децении пауза.