ОТКРИЕНО КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ШПАНСКИТЕ СУДИИ ВО ЛА ЛИГА
Објавено на: 04.04.2024
Британскиот медиум за фудбал „Атлетик“, ги обелодени годишните примања на судиите од шпанската Ла Лига, како и допонителната заработка од спонзорот.
Главен арбитар инкасира речиси 145.000 евра годишно, односно 4.900 евра по натпревар, додека за ангажман во ВАР-собата добива 2.450 евра. Дополнителни 25.565 евра на годишно ниво добива секој судија за маркетинг правата од спонзорот „Würth“.
Сепак, шпанските судии не се најплатени на Стариот континент, бидејќи во Премиер лигата годишните примања на главните арбитри достигнуваат и до 200.000 фунти.