Фудбал

НИШТО НЕ ГО РАЗБРАА, АМА ВАЖНО ГИ МОТИВИРАШЕ: КОМИЧНА РЕАКЦИЈА НА ЕНДИ ПО ГОВОРОТ НА НУЊЕС (ВИДЕО)

Дарвин Нуњес можеби не знае да зборува на англиски јазик, но и тоа како знае да одржи мотивациски говор за да ја крене атмосферата во соблекувалната на Ливерпул.

Видеото потекнува од иницијативата како да се помогне на планетата Земја во месецот кој е посветен токму на неа. Нуњес на шпански се обиде и успеа да ги мотивира соиграчите, иако тие бледо го гледаа и ништо не го разбраа. Особено комична беше реакцијата на Робертсон.

„Секој момент е шанса да се направи промена. Треба да играме за повеќе од само обична победа. Да играме за иднината на нашата планета!“, се обрати Нуњес, успевајќи да ги мотивира присутните на масата.