Фудбал

НИЕДЕН ИГРАЧ НА ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА ГО НОСИ БРОЈОТ 44, ЗАТОА ШТО… (ФОТО)

Германија ќе биде домаќин на претстојното Европско првенство и секако како и секоја друга репрезентација, ќе носи нова гарнитура на дресови која веќе ја претстави на претходните пријателски натпревари.

Овој дизајн е еден од последните на „Адидас“ со оглед на тоа дека по крајот на 2026 година им завршува соработката која трае повеќе од 70 години. Сепак, се најде замерка за дизајнот и изборот на фонтот за броевите, а еден број дефинитивно ниеден фудбалер нема да го носи.

Станува збор за бројот 44 кој потсетува на иницијалите „SS“, или Шуцштафел – главната паравојна организација под водство на Адолф Хитлер. По низа поплаки, „Адидас“ одлучи да го повлече овој дрес од продажба и повеќе не е возможно да се нарача дрес со бројот 44.