Фудбал

СТАДИОНОТ НА ФУЛАМ ДОБИВА ЛУКСУЗНА ТРИБИНА СО БАЗЕН (ФОТО)

Шахид Кан, претседателот на Фулам, ги обелодени клупските планови за реновирање на трибината „Риверсајд“ со додавање на луксузен базен, ресторан и ВИП ложа.

Станува збор за трибината која е веднаш до реката Темза, а токму тоа е планот на премиерлигашот, да додаде дел каде што гостите ќе може да уживаат во повеќе активности, како разладување во базен и луксузни ручеци и вечери во ресторанот со 5 ѕвезди.

Во ВИП ложата ќе се служи шампањ и коктели, како и оброци од четири сегменти подготвени од врвни шефови. Според Кан, целта на ова реновирање е да привлече повеќе туристи и потенцијални нови фанови на Фулам, кои ќе може да доживеат поинакво искуство кога ќе одат да ги гледаат натпреварите на тимот.