Фудбал

РЕПРЕЗЕНТАТИВНАТА ПАУЗА ГО ОШТЕТИ СИТИ ПРЕД ДЕРБИТО ЗА ТИТУЛА

Клупскиот фудбал викендов се враќа на програмата, а во Премиер лигата вниманието е насочено кон дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал.

Актуелниот англиски шампион го пречекува лидерот на табелата во меч во кој доколку има победник, ќе ги зголеми шансите за освојување на титулата. Но, Сити и Гвардиола имаат проблеми во пресрет на големиот натпревар, по повредите на дефанзивците Вокер и Стоунс.

Повредите се резултат на репрезентативната пауза која заврши пред неколку дена, па двајцата англиски репрезентативци нема да му бидат на располагање на Гвардиола. Вокер се мачи со истегнување на задната ложа, додека Стоунс има проблем со препоните.

Пеп ќе мора да комбинира во последната линија, па без двајцата клучни играчи да ги напаѓа трите бода и да го отстрани Арсенал од врвот на премиерлигашката табела.

Дербито е предвидено да се игра во недела во 17:30 часот, на „Етихад“ во Манчестер.