ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН ОДИ ВО БАРСА ЗА ЏАБЕ?
Објавено на: 28.03.2024
Жоржињо Фрело, играчот за врска на Арсенал, стана мета на Барселона за претстојниот летен преоден рок.
На италијанскиот репрезентативец му истекува договорот со Топчиите по крајот на сезоната, па иако има индикации дека ќе ја продолжи соработката, од Каталонија сметаат дека имаат шанси да ги добијат услугите на Жоржињо за џабе.
Ексѕвездата на Челси и Наполи и во минатото беше желба на шпанскиот гигант, па затоа Деко ја разгледува опцијата за ангажман без отштета, како што беше случајот со Гундоган минатото лето. Инаку, Жоржињо како актуелен европски првак со Италија, може да биде вториот играч по Левандовски кој бесплатно би се преселил на „Камп ноу“, како освојувач на наградата за најдобар фудбалер во Европа.
Жоржињо ова одличје го доби во 2021 година по освојувањето на Европското со Италија и Лигата на шампиони со Челси, додека полскиот голгетер наградата ја доби една година порано.