Фудбал

ЖИРУ СЕ СЕЛИ ВО САД, ЌЕ ИГРА ВО ГРАДОТ НА АНГЕЛИТЕ

Оливие Жиру по крајот на сезоната го напушта Милан и се сели во МЛС лигата, информира Фабрицио Романо.

Рекордерот на Франција по бројот на голови оствари вербален договор со Лос Анџелес ФК, чиј што дрес ќе го носи до декември 2025 година. Жиру од „Сан Сиро“ ќе замине како слободен играч по крајот на сезоната, откако ќе му истече договорот со Росонерите, по три цели сезони.

Тимот од Градот на ангелите уште од октомри минатата година покажа интерес за францускиот голгетер, а сега конечно се остварени главните чекори за случување на соработката, која наскоро ќе се официјализира со потпис.

Жиру досега запиша 121 настап за Милан во кои забележа 46 погодоци и 20 асистенции, освојувајќи ја и Серија А во неговата прва сезона како член на италијанскиот гигант.