Фудбал

„ЗЛАТНАТА КАНТА“ НА КАЛЧОТО ОД 2016 ДОБИ ДВЕГОДИШНА СУСПЕНЗИЈА

Габриел Барбоса, офанзивецот на Фламенго, доби суспензија од две години поради попречување на неговиот допинг тест.

Бразилецот ја прекршил процедурата и имал обид за измама на 8 април минатата година, по што ќе биде неактивен до април 2025 година, со оглед на тоа дека казната почнува од денот кога се случил скандалот. Имено, Барбоса намерно одолговлекувал да биде тестиран, заминал на ручек додека сите негови соиграчи веќе го поминале тестот, а воедно примерокот за урина го приложил без да биде соодветно затворено.

Инаку, Барбоса своевремено важеше за голем талент од земјата на Кариоките, бројни гиганти се бореа за неговиот потпис за на крај да заврши во Интер за сума од речиси 30 милиони евра. Како член на миланскиот великан забележа само 10 настапи и 1 погодок, по што беше прогласен за најлошиот фудбалер во Серија А во 2016 година.