Мотоспорт

ОД ТРОЈЦА АКТИВНИ Ф1 ШАМПИОНИ, ДВАЈЦА БИ МОЖЕЛЕ ДА ВОЗАТ ЗА РЕД БУЛ

Фернандо Алонсо е името кое се споменува да биде партнер на Макс Ферстапен во Rед Бул од сезоната 2025. Ветеранот не планира во скоро време да се пензионира и покрај тоа што има 42 години, па откако Ферари го најави ангажманот на Луис Хамилтон од следната сезона, можно е да се случи уште една голема промена во тимовите.

Имено, Алонсо заедно со Хамилтон и Ферстапен се тројцата активни светски шампиони во Формула 1, а доколку Ред Бул го ангажира шпанскиот возач, двајца шампиони би биле во еден тим. За Макс би било одлична шанса уште повеќе да напредува и да учи од поискусниот Алонсо, особено што 42-годишниот Фернандо и моментално бележи добри резултати во болидот на Астон Мартин.

Секако, до сезоната 2025 има време со оглед на тоа дека актуелната почна пред три трки, но овие шпекулации наговeстуваат дека идната сезона би била доста интересна, доколку се оствари намерата на Ред Бул.