ДАНИ АЛВЕС ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР, КАУЦИЈАТА МУ ЈА ПЛАТИ ПОРАНЕШЕН СОИГРАЧ
Објавено на: 26.03.2024
Дани Алвес нема да ја одлежи затворската казна од четири и пол години бидејќи успеа да ја плати кауцијата од еден милион евра. Откако беше осуден поради сексуален напад, поранешниот фудбалер на Бразил требаше да помине речиси пет години зад решетки, но со помош на негов некогаше соиграч од Барселона, успеа да се ослободи.
Наводно, Мемфис Депај е фудбалерот кој реши да ја плати кауцијата за Алвес да излезе на слобода. Сепак, тоа не го менува фактот дека еден од најтрофејните играчи во историјата стори злодело пред две години, на 30 декември.
Како што веќе е познато, Алвес беше осуден поради сексуален напад врз помлада жена во ноќен клуб во Барселона, за време на новогодишните забави на крајот од 2022 година. Во меѓувреме, неговата сопруга се раздели од него и нема намера да му прости за делото, тврдејќи дека е „мртов за неа“.