ЛАПОРТА СЕ НАДЕВА ДЕКА МБАПЕ НЕМА ДА ПОТПИШЕ ЗА РЕАЛ
Објавено на: 22.03.2024
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во интервју за „Мундо депортиво“ смета дека трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид не е сигурен, како и тоа дека воопшто не им завидува на Кралевите што се на прагот да го доведат моментално еден од најдобрите офанзивци во фудбалот.
„Дали им завидувам на Реал Мадрид што ќе го потпишат Мбапе? Не, воопшто. Освен тоа, не е сигурно дека ангажманот на Килијан е завршена работа. Навистина не знам, да почекаме и да видиме што ќе се случи. Освен тоа, сметам дека овој ангажман ќе направи проблем во нивната соблекувална, што поради платата, што поради позицијата на која игра Мбапе. Реал веројатно ќе мора да продаде еден офанзивец, бидејќи не е нормално еден тим да има двајца играчи од светска класа на иста позиција, нели?“, изјави Лапорта.
Веројатно мисли на тоа дека Винисиус јуниор исто како и Мбапе игра на левата крилна напаѓачка позиција, но тоа е проблем со кој Анчелоти ќе се соочи кога ќе дојде време. Раководителот на Барселона повеќе треба да се фокусира на својот клуб, отколку на ривалите.