Фудбал

ВИСА СО ГОЛ НА МЕСЕЦОТ, А ВЕРОЈАТНО И НА СЕЗОНАТА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА (ВИДЕО)

Јоан Виса го постигна веројатно најубавиот погодок за месец март во Премиер лигата, а можеби и ќе претендира за најдобар гол во сезоната.

Офанзивецот на Брентфорд со маестрални ножички ја затресе мрежата на Челси во 69-тата минута носејќи водство за Брендфорд од 2-1, во мечот од 27-то коло.

Домаќините со овој гол стигнаа до резултатски превсврт, пред Дисаси да израмни на 2-2 во финишот од средбата.