Фудбал

СУСПЕНЗИЈАТА ЗНАЧИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА ЗА ПОГБА?

Пол Погба и официјално е суспендиран на четири години од активно играње фудбал поради користење на недозволени супстанци, откако обвинителството ја отфрли неговата жалба за пресудата.

Францускиот играч во два наврати падна на допинг тест лани во септември и октомври, а од тогаш тотално е отсечен од составот на Јувентус. Покрај забраната да тренира со тимот, Јувентус му ја сведе платата на минималец, а сега воопшто не ќе може да се активира на фудбалските терени.

Со оглед на тоа дека суспензијата ќе му трае до септември 2027 година, Погба дотогаш ќе има полни 35 години, па се поставува прашањето дали ова е крај на неговата кариера, или и во ветеранските години ќе се обиде да извлече нешто и на позитивен начин да се пензионира. Ако тоа е воопшто возможно.