Кошарка

КАКОВ МАЕСТРО Е КАМПАЦО, УСПЕА ДА ГО ИЗДРИБЛА И КАМЕРМАНОТ (ВИДЕО)

Аргентина на погонот на Факундо Кампацо ноќеска ја забележа првата победа во квалификациите за Купот на Америките. Со конечни 90-78 падна Чиле во Мар де Плата, а ѕвездата на Реал Мадрид брилјираше со 15 поени и 8 асистенции.

Еден од неговите најдобри потези на мечот беше финтата со лажен пас, по што и камерманот за момент ја сврте камерата кон друг правец, но успеа да се врати да го сними поенот на Кампацо. Каков маестро е, секоја чест.