Фудбал

ДЕЈВИС ВО РЕАЛ, БАЕРН ЈА ПИКИРА SВЕЗДАТА ОД СЕРИЈА А КАКО ЗАМЕНА?

Реал Мадрид се чини дека сака да ја заврши работата кога се во прашања засилувањата за следната сезона уште пред да започне трансфер пазарот.

По Килијан Мбапе, германските медиуми најавуваат дека кралевите постигнале договор со бекот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис. Според германскиот Скај, Реал Мадрид има договорено лични услови со Канаѓанецот, а тој веќе ја известил управата на актуелниот германски шампион дека сака да замине во Мадрид.

Политиката на Баерн Минхен е никогаш да не ги задржуува оние кои сакаат да си заминат од тимот, нешто што беше случај со Роберт Левандовски и Бенжаман Павар, кои претходните две сезони си заминаа од Баварија, па така се очекува лесно да се договорат и со кралевите околу откупната клаузула.

Според истиот извор, Баерн Минхен сака да го продолжи трендот на засилувања од Италија, па по Де Лихт и Ким, како замена за Дејвис Баварците го пикираа Тео Хернандез од Милан. Sвездата на Милан неодамна на прашање дали ќе остане во Милан и следната сезона, изјави дека никогаш не се знае што носи животот иако засега е среќен во Милано и во редовите на росонерите.

Сепак, ангажирањето на францускиот страничен бек од Милано во Минхен нема да биде лесна операција, бидејќи миланезите го ценат на повеќе од 100 милиони евра.