Фудбал

РОНАЛДИЊО И НА 43 ГОДИНИ Е „ЖОГА БОНИТО“ (ВИДЕО)

Роналдињо се појави на грчкиот „Survivor“ за предизвикот фудбал на песок, што беше огромно изненадување за натпреварувачите на ова ријалити шоу.

Бразилскиот виртуоз покажа дека и на 43 години уште има магија во своите нозе, па одлучи да ги покаже своите вештини на најдобар можен начин. Роналдињо ја смири топката со гради, се намести за ножички и погоди во левиот агол од голманската страна, во класичен „жога бонито“ стил.