Фудбал

НОКАУТ НА ФУДБАЛСКИ МЕЧ КАКОВ ШТО НЕМА ДА СЕ ВИДИ НИТУ НА УФЦ (ВИДЕО)

Крвнички нокаут се случи за време на куп-натпреварот во Уругвај меѓу Ла Лус и Данубио, за среќа удрениот фудбалер не претрпе потешка повреда.

Се играше 68-та минута кога Кордара во обид да упати удар кон голот со ножички, целосно ја промаши топката и силно со ногата го удри  противничкиот играч во лицето. Овој падна на тревата и на момент делуваше избезумено, а Кордара доби само жолт картон.

За среќа, се помина без потешка повреда, а до крајот на мечот Данубио славеше со минимални 1-0.