Фудбал

АДМИНОТ НА МИЛАН МУ УДРИ СЕИР НА ОНОЈ НА ИНТЕР (ВИДЕО)

Често гледаме „јадење“ помеѓу клубовите на социјалните медиуми, а за прв пат, доколку не грешиме, следиме „дуел“ помеѓу градските ривали, Милан и Интер.

Имено, вчера на натпреварот помеѓу Интер и Атлетико Мадрид, специјален гостин на нероаѕурите беше раперот Каније Вест, кој го објави последниот свој спот и сингл, во кој учествуваа ултрасите на Интер – Курва Норд. Сепак, гостување на раперот од Чикаго ги запали социјалните медиуми поради неговиот аутфит, од кој не му се гледаше лицето.

Многу тролање се појави особено на Твитер, а на тој бран се надоврза и админот на Милан, кој денес го објави ова видео, алудирајќи дека зад маската можело да биде било кој.

Нема бодови за ваква објава, но мора да се признае дека хуморот и покрај неочекуваните резултати во Каза Милан и понатаму е присутен.