Фудбал

МЕСИ ДРИБЛА СЀ ПРЕД СЕБЕ, ПА И ЛЕГНАТ ИГРАЧ ШТО СЕ ЖАЛИ НА ПОВРЕДА (ВИДЕО)

Низ неговата безмалку дведецениска кариера, Лео Меси ни ги има покажано сите негови квалитети. Од маестрални слободни удари, до дриблинзи и омалуважувања на противниците, но аргентинскиот виртуоз сепак има уште трикови во ракавот.

Во мечот против Реал Солт Лејк, Меси успеа да помине преку легнат играч кој се жалеше на повреда, и тоа го направи да изгледа прелесно. Трчајќи кон противничкиот гол, Меси брзо размисли како да помине покрај пречката, па само ја подигна топката преку легнатиот противник на воодушевување на публиката.