Фудбал

РАШФОРД Е ПРИМЕР КАКО НЕ ТРЕБА ДА ПРИТИСКАШ ВО ОДБРАНА (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се помачи да ги освои бодовите на гостувањето кај Лутон со 2-1, благодарение на двата гола на Хојлунд. Од мечот во кој имаше доста драматични моменти, се издвои еден посебен со Маркус Рашфорд во главна улога.

Имено, ѕвездата на Црвените ѓаволи покажа како не треба да се игра пресинг во одбрана, во една ситуација кога Рос Баркли буквално се шеташе со топката околу него. Рашфорд само бледо гледаше, се поместуваше чекор напред-назад и го остави противникот да помине.

Сосема недозволиво за фудбалер кој заработува 300.000 фунти неделно, без разлика што е офанзивец.