Кошарка

РЕКОРДЕН ОЛ-СТАР СПЕКТАКЛ СО НАЈМНОГУ ПОЕНИ И НАЈМАЛКУ ФАУЛИ

Ноќеска се одигра 73-тото издание на Ол-стар натпреварот во НБА лигата во кој се поставија два нови рекорди. Истокот славеше со 211:186 против тимот составен од ѕвезди од Западната конференција, а МВП на спектаклот беше Демиен Лилард.

Според вкупен збир на поени (397) поставен е нов рекорд, односно е урнат најголемиот збир од 2017 година кога се постигнаа вкупно 374 поени.

Високиот број на поени беше одраз на минималниот контакт, односно физички дуели меѓу ѕвездите. Само три фаули се досудија во текот на целиот натпревар. Колку за споредба, на Ол-стар мечот во 1993 година се забележани дури 62 фаули. Сепак, од тој период до денес, овие натпревари стануваат сѐ по ревијални наместо да се покажат квалитетите на максимум.

Инаку, Лилард како најефикасен од победничката екипа со 39 поени беше избран за најкорисен играч на мечот, но Ентони-Таунс реализира најмногу, дури 50 поени, кој играше за поразениот тим Запад.