Фудбал

КРИСТИЈАНО ЈУНИОР ГО ОДМИНА ТАТКО МУ, РОНАЛДО СЕ НАЛУТИ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и неговиот син Кристијано Јуниор, го привлекоа вниманието во пресрет на мечот меѓу Ал Наср и Ал Фатех минатиот викенд.

Пред почетокот на натпреварот, младинскиот тим на Ал Наср излезе на теренот да ги поздрави сениорите, но Кристијано Јуниор го одмина татко му иако Роналдо го повика да се поздрават. Овој застана на момент, па продолжи без да го стори тоа, па ѕвездата на Ал Наср се налути.

Дали е само обична случајност, или пак Јуниор покажува вообразеност, останува како неодговорено прашање.