Фудбал

ТРЕНЕР СО ЕВРОПСКА ТИТУЛА ЌЕ ГО ВОДИ ПАЛАС

Оливер Гласнер е назначен за нов тренер на Кристал палас, со важечки договор до јули 2026 година.

Премиерлигашот го отпушти најстариот тренер во англиското првенство, Рој Хоџсон, по серијата слаби резултати и поразот од Челси минатиот викенд, а новиот предводник доаѓа со реноме на европски шампион.

Гласнер го водеше Ајнтрахт Франкфурт до титулата во Лигата на Европа во сезоната 2021/22, а една сезона подоцна стигна и до финалето на германскиот Куп.

Првиот предизвик за Гласнер на кормилото на тимот од јужен Лондон е предвиден за во понеделник, кога Кристал палас ќе гостува кај Евертон во рамките од 25-тото коло во Премиер лигата.