Кошарка

КЕР ПАТУВАШЕ 10.000 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА ДОЈДЕ НА ПОГРЕБОТ НА ДЕКИ, НО НЕ И ЈОКИЌ (ФОТО)

Семејството и целата спортска јавност во Србија вчера се прости од Дејан Милојевиќ, кошаркарскиот тренер кој почина ненадејно од срцев удар на 46 години. На погребот во Белград присуствуваа голем број на блиски на Деки, како и спортски легенди и негови соработници.

Меѓу нив беше и Стив Кер, тренерот на Голден стејт вориорс, за последен пат да се поздрави со неговиот асистент, а од таборот на клубот од Сан Франциско беше и Заза Пачулија. Предводникот на Воините патуваше 10.000 километри за да присуствува на погребот, но дел од медиумите во Србија замерија една работа, на погребот не беше и Никола Јокиќ.

Најдобриот српски кошаркар и актуелен шампион на НБА, поради распоредот на натпревари и клупските обврски не се појави, иако со Милојевиќ заедно соработуваа три години во Мега Баскет.