Останато

ВО СООБРАЌАЈКА ЗАГИНА СВЕТСКИОТ РЕКОРДЕР ВО МАРАТОН

Келвин Киптум, светскиот рекордер во маратон, загина во сообраќајна несреќа откако со возило излезал од патот Елдорет-Каптаг во неговата родна земја.

Кениецот минатата година постави светски рекорд истрчувајќи 42 километри за само 2 часа и 35 секунди, иако до тогаш имаше посветено само една година на професионалното маратонско трчање.

Киптум требаше да биде новата ѕвезда на претстојните Олимписки Игри кои летово ќе се одржат во Париз, поради рекордот се истакнуваше како фаворит на најдолгите трки, меѓутоа неговиот живот трагично згасна на само 24 години.