Фудбал

МБАПЕ ВО РЕАЛ ЌЕ ИГРА ЗА ПОНИСКА ПЛАТА

Францускиот медиум „Ле Паризиен“ минатата недела објави информации дека Килијан Мбапе конечно ќе го оствари трансферот во Реал Мадрид, и тоа како слободен играч по крајот на сезоната. И покрај тоа што од таборот на Светците демантираа било каков претдоговор, наводно постои џентлменски пакт меѓу клубовите и Мбапе, ништо да не се официјализира пред да заврши актуелната сезона.

Од друга страна, се појавуваат информации како примањата на Мбапе откако ќе го облече белиот дрес и ќе заигра на „Сантијаго Бернабеу“. Иако ќе заработува астрономска плата, сепак нема да биде истата сума што ја зема во Париз.

Имено, годишната бруто плата би изнесувала 50 милиони евра, што е околу 10 милиони евра помалку во споредба со платата на Мбапе во ПСЖ. Бонусот при потпис на договорот би изнесувал 120 милиони евра, додека за Мбапе ќе следува и процент од маркетинг правата.

Прашањето е, што може да му понуди Реал на Мбапе, а не може да го добие во ПСЖ? Одговорот е едноставен, поголеми шанси за освојување на најважниот трофеј во фудбалот, оној од Лигата на шампионите, како и поголеми шанси да се закити со Златна топка, што е најпрестижното индивидуално одличје.

Останува уште да се дочека денот кога Мбапе и официјално ќе се појави во Мадрид како нов галактико, ако воопшто се случи тоа.