Фудбал

ИДОЛОТ НА ХАЛАНД НЕ Е ФУДБАЛЕР

Ерлинг Халанд гостуваше во еден поткаст во кој откри кој е неговиот спортски идол. Интересно е што ѕвездата на Манчестер сити најмногу му се восхитува на првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер кој на 37 и натаму доминира во „белиот“ спорт.

„Ми се допаѓа Ѓоковиќ од повеќе причини. Тој е добар човек, цело време е свој, а сето она што го оствари во кариерата и уште го прави на тие години е неверојатно. Доаѓа од наводно непозната земја, а е толку велик, затоа го одбирам Новак“, истакна Халанд.

Што се однесува до норвешката гол-машина, Халанд полека почнува да игра во континуитет по враќањето од повредата, а она што му недостасува е да им се врати на головите кои ги постигнуваше со леснотија во ланската и во текот на оваа сезона.