Фудбал

КАРДИНАЛНА ГРЕШКА НА АЛИСОН, МАРТИНЕЛИ ДОБИ ПОДАРОК ОД ГОЛМАНОТ НА ЛИВЕРПУЛ (ВИДЕО)

Арсенал стигна до важни 2-1 против Ливерпул во дербито на 23-тото коло во Премиер лигата, по непромислената грешка на голманот на гостите Алисон. Бразилскиот чувар на мрежата и Ван Дајк не се разбраа на работ на нивниот шестнаесетник по една долга топка, а кога двајца се караат, Мартинели искористи празна мрежа за да им донесе водство на Топчите во последните половина час од натпреварот на „Емирати“.