КЛОП ПОТВРДИ, ЛИВЕРПУЛ И ЕГИПЕТ СЕ ДОГОВОРИЈА ОКОЛУ САЛАХ
Објавено на: 25.01.2024
Мо Салах се здоби со повреда на задната ложа играјќи за Египет на Купот за африкански нации, по што е одлучено популарниот Фараон да се врати во Ливерпул за да го добие потребниот третман.
Во меѓувреме, фудбалската федерација на Египет и гигантот од „Енфилд“ се договорија околу неговата рехабилитација. Доколку Салах оздрави до финалето на континенталното натпреваруавње, а во меѓувреме Египет стигне до истото финале, Салах ќе се врати во репрезентацијата со цел да помогне да се освои трофејот.
„Имаме иста цел, а тоа е Мо да закрепне правилно и со време. Доколку останеше таму неговата рехабилитација ќе се пролонгираше. Затоа одлучивме повредата на Салах да ја третираме тука во Ливерпул, а доколку Египет стигне до финалето и Мо закрепне до тогаш, ќе му дозволиме да се врати назад и да игра за својата репрезентација“, истакна Клоп.
Во меѓувреме, Египет ќе се соочи со Конго во 1/8 финалето од Купот на Африканските нации, а до големото финале може да наиде на ривали како Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Мали.