Фудбал

ШЛАКАНИЦА ЗА САНЕ, ЦРВЕН ЗА БЈЕЛИЦА (ФОТО)

Несекојдневнa сценa се случи вчера во дуелот меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин, со Лирој Сане и Ненад Бјелица во главните улоги. Се играше околу 70-тата минута кога Сане дотрча да ја земе топката која беше надвор од теренот, мораше да помине покрај тренерот на Унион и тогаш настана мешаница.

Сане и Бјелица се затуркаа, по што играчот на Баерн доби шлаканица од хрватскиот стратег, а за Бјелица следуваше исклучување. Многу веројатно предводникот на Унион ќе заработи и неколку натпревари суспензија поради недоличното однесување.