Кошарка

ЧАШКА РАКИЈА ВО ЧЕСТ НА НЕГОВИОТ ПОЧИНАТ АСИСТЕНТ: КЕР И СТРУЧНИОТ ШТАБ СО НОВА ТРАДИЦИЈА (ВИДЕО)

Голден стејт ноќеска славеше сигурен триумф со 134:112 над Атланта хокс, откако тимот на Стив Кер играше првпат по 9 дена пауза, разбирливо бидејќи стручниот штаб остана без асистентот Дејан Милојевиќ, кој почина од срцев удар пред неколку дена.

Во чест на српскиот стратег, целиот стручен штаб на чело со Кер пред мечот се напиле по една чашка ракија, во чест на Дејан. Мечот го добија, па сега тренерот на Воините вели дека веројатно ќе ја продолжат таа традиција и во наредните натпревари.

„Не би требало да ви откривам, но пред натпреварот јас и стручниот штав се напивме по една чашка ракија, што е српски традиционален алкохол, во чест на Деки, и ете победивме. Веројатно ќе го правиме тоа пред секој натпревар“, истакна Кер.