Фудбал

КАКО МУ ЛЕГНА ВОЛЕЈОТ, МЕРАКЛИСКИ (ВИДЕО)

Хасан Ал-Хајдос го постигна можеби најубавиот погодок на Азискиот куп, а воедно ќе претендира и за Пушкаш наградата за 2024 година. Капитенот на Катар со волеј го матираше кинескиот голман откако одлично ја проследи нафрлената топка од корнер во 66-тата минута. За Катарците тоа беше доволно да ја запишат третата победа во групната фаза и да се пласираат во следната фаза од континенталното натпреварување.