ЛАУТАРО КАПИТЕНСКИ ЗАБИ ВО 90+1 ЗА ПРВ ТРОФЕЈ НА ИНТЕР ВО 2024 (ВИДЕО)
Објавено на: 22.01.2024
Интер е освојувач на италијанскиот Суперкуп по минималните 1-0 против Наполи во финалето кое се одигра во Ријад, Саудиска Арабија. Капитенот на нероаѕурите Лаутаро Мартинес, стрелаше во првата минута од судиското надополнување и ја реши драмата против актуелниот шампион на Италија.
Наполи не издржа во финишот иако беше со 10 играчи на теренот по црвениот картон на Симеоне, за што тимот на Мацари плати со испуштање на првиот трофеј во 2024 година.