НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 18 ГОДИНИ, МАМБАТА ЗДИВЕ И БРОЕШЕ ДО 81 (ВИДЕО)
Објавено на: 22.01.2024
За ликот и делото на Коби Брајант се зборува редовно и по неговата трагична смрт. Често се навраќаме на неговите величенствени партии во дресот на Лејкерс, а за денес се потсетуваме на маестралното издание против Торонто репторс.
На 22 јануари 2006 година, пред точно 18 години, Брајант испиша историја со постигнати 81 поен за 42 минути, од вкупно 122 на тимот од Ел-еј. Мамбата шутираше 28/46 од поле, 7/13 за три поени, 18/20 слободни фрлања. Натпревар со повеќе постигнати поени од Брајант има одиграно само легендарниот Вилт Чемберлен, вкупно 100.