Тенис

ГЛЕДАЧ ОД ТРИБИНИ ДО НОЛЕ: ВАКЦИНИРАЈ СЕ! А ТОЈ ОДГОВОРИ ВО ГОЛЕМ СТИЛ

И на овој Грен Слем е истата приказна, некои не го сакаат, а некои го обожаваат првиот носител и рекордер по број на освоени титули на големите слемови.

Па така, во битката со Манарино, кој Ѓоковиќ ја доби убедлво со само 3 изгубени гејмови, гледач од трибините на сервис на Ноле му дофрли:

Вакцинирај се!

За да биде уште пофасцинантно, дофрлувањето беше на меч топка на Ноле. Таквото дофрлување од трибините не претставуваше никакво „пореметување“ во припремата за сервисот и следуваше вистинскиот одговор на провокацијата – ас!

Погледнете:

Ноле го доби мечот со 6:0, 6:0 и 6:3, а урнебесна беше и реакцијата на Манарино по првите два сета, во која самиот на своја сметка си напрарви шега гледајќи кон Ѓоковиќ.