Тенис

ЈА ОСТВАРИ НАЈГОЛЕМАТА ПОБЕДА ВО КАРИЕРАТА: СМЕТАМ ДЕКА ЈА ЗАВРШИВ РАБОТАТА

Артур Казо е 21-годишниот тенисер од Франција кој денес го елиминира осмиот носител на Австралија Опен, Холгер Руне, со 3-1 во сетови при конечни 7-6, 4-6, 6-4, 6-3, што за него беше најголема победа во кариерата досега.

За Казо ова е само трета победа на ниво на АТП и гренслем турнири, па иако надигра еден од фаворитите за финале, даде многу скромна изјава.

„Мечот беше навистина луд, исклучително тешка борба. Холгер е феноменален тенисер. Долго време го познавам и знаев дека ќе биде многу тежок натпревар, но бев подготвен на секаков предизвик. Сега сум многу среќен, сметам дека ја завршив работата, ја дадов сета сила што ја имав во мене. Ѝ благодарам и на фантастичната публика која ми даваше поддршка цело време“, истакна скромно Казо.

Казо инаку е на 122 место на моменталната АТП листа, а по денешниот успех и во зависност до каде ќе стигне на гренслемот во Мелбурн, несомнено го чека скок за неколку места.