ОД ДЕНЕС Е ПОЗНАТ КАКО „ОТПУШТЕНИОТ“
Објавено на: 16.01.2024
Заврши приказната на Жозе Мурињо во Рома по нешто повеќе од три и пол години. Управата на калчолигашот повеќе не можеше да ги толерира слабите резултати, а и честите испади на Жозе со арбитражата, за што дури петпати беше санкциониран со црвен картон додека го водеше гигантот од Рим.
Европскиот трофеј освоен во Конференциската лига пред две сезони, што беше прв за Рома по 30 години пауза, повеќе не можеше да биде причина за Мурињо да ја задржи својата работа, па сега ќе чека прилика за нов предизвик.
Инаку, за португалскиот стратег ова беше шести отказ во неговата кариера. Двапати беше отпушен од Челси, откази следуваа и од Манчестер јунајтед и Тотенхем, додека според медиумите разделбата со Реал Мадрид била заедничка одлука, но сепак јасно е дека Перез му врачи отказ по неуспешната 2012/13 сезона.
Новата „клоца во задникот“ значи дека Мурињо повеќе не е Специјалниот, туку Отпуштениот, или така барем јавноста на социјалните мрежи се шегува на негова сметка со новиот прекар.