ВРЕМЕ МУ БЕШЕ ДА ПОГОДИ ЗА БАКСИ (ВИДЕО)
Објавено на: 15.01.2024
Демиен Лилард ја реши средбата против Сакраменто со тројка од речиси 9 метри далечина во последната секунда, за конечни 143:142 во корист на Милвоки.
Sвездата на Бакс во неговиот претпознатлив стил успеа да се избори за простор да шутне и го лансираше баскетот на истекот од времето, за негов 29-ти поен на мечот. Милвоки на овој начин ја забележаа 28-та победа сезонава по 40 меча, за што го завземаат второто место на Истокот.
EVERY ANGLE of Dame’s game-winner ⤵️#TissotBuzzerBeater https://t.co/TZuteG7koC pic.twitter.com/meOVpUXt1m
— NBA (@NBA) January 15, 2024
Инаку, Лилард во минатото често носеше победи за Портланд на овој начин, а еве сега доби прилика да го стори тоа за неговиот нов тим и сосема го оправда својот прекар „Дејм-тајм“.