ПРОЕКТИЛОТ ШТО ЈА ПОМЕСТИ КОНСТРУКЦИЈАТА ОД ГОЛОТ НА БЕНФИКА (ВИДЕО)
Објавено на: 11.01.2024
Родриго Залазар од вчера е попознат на фудбалската јавност откако го постигна засега можеби најдобриот гол во 2024 година. Фудбалерот на Брага во дербито против Бенфика испрати вистински проектил во мрежата на домаќините и веројатно ја помести конструкцијата од голот.
Rodrigo Zalazar with an absolute ROCKET against Benfica ☄️🥵
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) January 10, 2024
Залазар со сета сила шутираше од прва, далечината е повеќе од 25 метри за израмнување на 2-2 во 48-та минута од мечот. Сепак, радоста на Уругваецот беше залудна бидејќи неговата Брага подоцна го загуби мечот со 3-2.