Фудбал

ПЕКОЛНО ДЕРБИ ВО РИМ, НО НА ТРИБИНИТЕ (ВИДЕО)

Како и секогаш, дербито меѓу Лацио и Рома е пеколно како на теренот, така и на трибините. За време на четвртфиналниот дуел меѓу лутите градски ривали, навивачите на двете екипи се пресметуваа од далечина фрлајќи со бакљи кон трибините. Навивачите на Рома фрлаа кон симпатизерите на светло-сината страна, а овие возвраќаа со иста мера.

Дуелот инаку заврши во корист на Лацио со минимални 1-0 благодарение на реализираниот пенал на Закагњи во 51-та минута.