Фудбал

КОМЕНТАР НА ДЕНОТ – СКОЛС ГО „ЗАКОПА“ ЛИНГАРД (ФОТО)

Помина половина од актуелната сезона, а Џеси Лингард и натаму е без клуб откако во јули 2023 година го напушти Нотингем форест. Ексталентот на Манчестер јунајтед и покрај тоа се обидува да ја одржи физичката форма, па голем дел од времето поминува во теретана.

На последната објава на неговиот инстаграм-профил, Лингард сподели неколку фотографии како вежба во теретана, а тогаш се појави Пол Сколс и со едно прашање го спушти егото на земјата на поранешниот англиски репрезентативец.

„Дали воопшто планираш да играш фудбал или ќе продолжиш да се зае*аваш во теретана?“, прокоментира тројфениот ексфудбалер.