КОГА ЕВРА БЕШЕ ЦЕЛ НА СНЕЖНА ЛАВИНА ОД ТРИБИНИТЕ
Објавено на: 22.12.2023
Романтичарите на фудбалот го паметат времето кога за англискиот премиерлигашки клуб настапуваше сега веќе легендарниот француски интернационалец, кој беше еден од креаторите на најславните историски резултати на тимот од Олд Трафорд.
Патрис Евра, на едно гостување кај Тотенхем беше „нападнат“ со снежни топки од домашните симпатизери:
The commentator wasn’t impressed 🫣 pic.twitter.com/iZHrqiNRGf
— Premier League (@premierleague) December 21, 2023
Ова е дел од извештајот за натпреварот:
За време на неделниот натпревар (22.01.2013) од Премиерлигата времето беше студено, снежно и грдо. Кога играчот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра требаше да изведе аут, навивачите на Тотенхем на Вајт Харт Лејн почнаа да го „мачат“ играчот со – снежни топки. Евра го прифати ова смирено, па дури и се чинеше дека се постмевнуваше. Натпреварот заврши 1:1 со голот на Клинт Демпси во последната минута.
Насловната фотографија е од меч во Лигата на шампионите во 2017-та, кога Евра го глумеше Кантона, па „шутна“ со мајагери еден од фановите на Олимпик Марсеј.