Фудбал

KAKО ЌЕ ЗАВРШИ ДУЕЛОТ НА „ЛУЗЕРИТЕ“?

Епитетот не се однесува баш на двете екипи, но може да им се припише барем за последното коло кое го одиграа во домашните првенства, во кое беа и повеќе од убедливо совладани и поразени.

Пред соочувањето на Олд Трафорд во рамките на мечевите од Лигата на шампионите, ова е статистиката на двата тима на домашен терен:

◉ 11 порази во 23 натпревари за Манчестер Јнајтед, сезонава.
◉ Прв пораз во Бундеслига за Баерн Минхен, сезонава.

Минхенскиот тим се бори за врвот во Бундеслигата, во Европа е убедлив во групата. Јунајтед се бори за честа на двата фронта и за пласман барем во ЛШ за наредната сезона.

Ако Копенхаген и Галата ремизираат, а Јунајтед победи против Баерн тогаш ќе оди во следната фаза во ЛШ. Како ќе заврши нивното меѓусебно соочување во последното коло по групи?