ЗА СТОЛЕ СЕ ТЕПААТ ГОЛЕМИТЕ КЛУБОВИ
Објавено на: 05.12.2023
Три шпански клуба се во трка за потписот на македонскиот интернационалец, на крајот на сезоната кога му истекува договорот со екипата на Рајо Ваљекано во која настапува веќе пет години.
29-годишниот голман на македонската фудбалска репрезентација се пресели од Работнички, во Шпанија во екипата на Гранада во 2012-та година. Во 2018-та беше позајмен, а потоа откупен од Рајо.

Виљареал како најсериозен кандидат чиј менаџмент два месеца преговара со менаџерот на Столе, Барселона и Билбао се кандидатите кои чекаат во редот за ангажман на нашиот чувар на мрежата.

Каде ќе замине Столе, каде би му одговарало највеќе? Или ќе остане?