Фудбал

ЈАВНО ЈА СПУКАА ПЕП И КАРАГЕР

Во Англија, важи правилото – колку си поотворен и пореален, толку си подобар експерт и те бараат сите медиуми, цента ти расте, освен ако не си настроен кон бесцелно расправање кое не придонесува за подобрување на фудбалот.

Пеп Гвардиола, изјави за експертите, односно поранешните фудбалери, а сега коментатори – Карагер, Невил и Ричардс:

Тие знаат колку е тешко да се освои ПЛ четири пати по ред. Невил, Мика Ричардс… никогаш, никогаш. А Џејми Карагер не ја освои ниту еднаш.

На оваа провокација од страна на тројниот, вкупно петкратен англиски шампион последниве шест години, поранешниот играч на Ливерпул не остана нем, па одговори:

Мислам дека веројатно ќе освоев барем една титула ако Ливерпул беше во сопственост на една држава и ги поместуваа правилата толку далеку, да ни дозволат да го прекршиме законот дури 115 пати.

Кој победи во оваа прва рунда? Дали Манчестер Сити е милениче на Премиерлигата? Како ќе заврши случајот со наводните финански малверзации од страна на англискиот клуб?