Останато

УНИКАТОТ СО ИМЕ – РОНИ О’САЛИВЕН

Рони О’Саливен ја освои рекордната, односно го подобри достигнувањето со осмата титула во снукер првенството на Обединетото Кралство, победувајќи го Динг Џунхуи со 10:7 во финалето.

Ова е неговиот пост:

Број 8!!

Најпрво сакам да му честитам и да му се заблагодарам на Динг. Тој е неверојатен играч и уште подобра личност.

Второ, сакам да се заблагодарам за поддршката што ја имав цела оваа недела. Вие момци бевте брилијантни и мило ми е што можев да ја извојувам оваа победа за вас.

Победата доаѓа 30 години откако О’Саливен првпат ја освои титулата, кога го победи Стивен Хендри со 10-6 во 1993 година. Последен пат славеше во 2018-та година.